Murat Karadağ
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џевад Зариф, даде изјава како реакција на зборовите од претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во врска со посветеноста на Иран околу нуклеарниот договор, јавува Anadolu Agency (AA)
Според веста на официјалната новинска агенција на Иран (ИРНА), во врска со изјавата на Трамп дека Иран не се однесува во согласност со нуклеарниот договор, Зариф за медиумите истакна: „Не сфаќајте ги сериозно зборовите на тој човек“.
Трамп на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Паоло Џентилиони, одржана минатата недела во Белата куќа, во однос на едно прашање околу нуклеарниот договор потпишан во 2015 година, меѓу Иран и земјите од П5+1, овој договор го окарактеризира како ужасен.
Трамп во изјавата користеше изрази од типот: „Иран кој не се однесува во согласност со нуклеарниот договор, во понатамошниот процес може нешто да направи“.
Претседателот на САД, Трамп, во текот на предизборната кампања остро го критикуваше нуклеарниот договор потпишан во периодот на Барак Обама, и истакна дека доколку биде избран за претседател, повторно ќе го разгледа овој договор.