Besar Ademi
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, на почетокот од седницата на претседателството на партијата, која се одржува во седиштето на ДУИ во Мала Речица, Тетово, за понатамошните одлуки на партијата рече дека прашањето на Законот за употреба на албанскиот јазик останува критериум кој не може да биде надминат, како и дека постојат два начини тоа да се реализира, во позиција и во опозиција, јавува агенција Anadolu Agency (AA).
Османи рече дека реализацијата на текстот на овој усогласен Закон може да се постигне на два начина, партиципација на ДУИ во владина коалиција или поддршка на малцинска влада останувајќи во опозиција.
„Предностите на станувањето дел од опозицијата е тоа што законот ќе помине, но во исто време ќе им дадеме можност да се разгледаат и да се разјаснат сите сомнежи и обвинувања кои биле врз ДУИ во овој период на владата“, рече Османи.
На прашањето дали ќе биде стабилна владата формирана од страна на малцинството, Османи рече: „Тоа е нешто што е докажано во сите европски држави каде што се формираат таканаречени малцински влади, каде што бројот на пратениците е доволен за да се гласа владата, но не учествуваат во владата. ДУИ размислува да ја даде својата поддршка за малцинската влада без да учествува во неа, за да им овозможи на сите оние што имаа какви било сомнежи за работењето на ДУИ да биде разгледано“.
Како што најави, по усогласувањето на Законот за албанскиот јазик, овие две опции се дискутираат и овие дискусии нема да завршат вечерва, туку ќе продолжат и во наредните денови.
„Остануваме на ставот дека во ова сложено време и време на долготрајна криза, добрата одлука е поважна отколу брзата одлука“, рече Османи.
Инаку, по изборите од 11. декември, претседателот на земјата го даде мандатот за формирање на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да создаде парламентарно мнозинство, по што претседателот побара од лидерите на политичките партии доказ со потписи на мнозинството пратеници за да им го предаде мандатот за формирање на новата влада.