Fatjon Cuka
15 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ТИРАНА (АА) - Одделот за антитероризам на албанската полиција уапси 46-годишно лице барано од страна на македонските власти но и на меѓународно ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
„На 14.08.2016, извршена е меѓународна потерница, издадена од страна на Обвинителството на Македонија за државјанинот И.А (46), жител на Гостивар, Македонија, кој се бара за кривично дело - учество во странски воени, полициски и паравоени формации”, се вели во официјалното соопштение од Генералната дирекција на албанската полиција.
Во соопштението исто така се вели дека истражните материјали за уапсениот ќе бидат испратени во Обвинителството во Тирана со цел да се спроведе законската постапка за негова екстрадиција.