политика

Брнабиќ: „Не е можно да се повлечат граници на етничка основа“

„Не е можно да се повлечат граници на етничка основа на Балканот“, рече српската премиерка Ана Брнабиќ на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев

Abdula Berisha  | 26.08.2019 - Обновена : 27.08.2019
Брнабиќ: „Не е можно да се повлечат граници на етничка основа“

СКОПЈЕ (АА) - Не е можно да се повлечат граници на етничка основа на Балканот, оцени српската премиерка, Ана Брнабиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Брнабиќ престојува во посета на Скопје, каде што одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. Премиерите на двете земји беа прашани за можноста за промена на границите на Балканот.

Премиерката Брнабиќ истакна дека на територијата на Балканот не е можно да се повлечат граници по етничка основа, додавајќи дека не е јасно зошто се поставува ова како прашање, нарекувајќи ја оваа тема како лажна.

„Какви и било граници да повлечете на овие простори секогаш ќе останат од едната или другата страна на границата луѓе што се од друга националност, етничка припадност. Значи, тое е невозможно е да се направи, за мене тоа воопшто не претставува тема“, рече Брнабиќ.

Напротив, таа нагласи дека треба да се работи на помирување меѓу Србите и Албанците.

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, потсети дека Северна Македонија постигнала важни договори со Грција и Бугарија, но истакна дека процесот на преговори никогаш не е лесен.

„Ние како земја пријател, секако ќе бидеме од помош да го охрабриме евентуалниот билатерален договор, којшто би се постигнал, и верувам дека навистина е соодветно време за да се постигне историското помирување меѓу Србите и Албанците“, рече Заев.

Во рамки на посетата на српската премиерка на Република Северна Македонија, двете земји потпишаа три различни договори за соработка. Претходно во текот на денот, двајцата премиери присуствуваа и на започнувањето на концептот „Уан стоп шоп“ („One stop shop“) на граничниот премин „Табановце“, за кој рекоа дека ќе го преполови времето потребно за преминување од една во друга држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.