Furkan Abdula
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија соопшти дека македонска државјанка, врз основа на доброволна согласност, а со посредство на амбасадите на Северна Македонија во Пекинг и Париз, успешно е евакуирана од кинескиот град Вухан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на министерството, нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на коронавирусот.
„Постапката на евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организира специјален лет до воена база на југот на Франција. Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде што ќе подлежат на задолжителен карантин во трaење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан“, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со евакуираната патничка преку надлежните амбасади во Пекинг и Париз, како и преку властите на соодветните држави.