Fatjon Cuka
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 17 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 1.263, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека е продолжено со тестовите за откривање на сомнителните лица заразени со Ковид-19, и дека продолжува интензивната работа на епидемиолозите на терен.
Досега во Албанија направени се вкупно 18.601 тестирање, додека 34 лица починаа како последица на Ковид-19.
Во последните 24 часа излекувани се уште 7 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани лица во земјата се зголеми на 945.
Моментално во Албанија има 284 активни случаи со Ковид-19.