Fatjon Cuka
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија, бројот на смртни случаи од новиот коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 20, а со потврдувањето на 28 нови случаи, вкупниот број на заболени порасна на 361, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека вчеравечер околу полноќ, во Регионалната болница во Скадар починала 80-годишна жена од Скадар, која била позитивна на Ковид-19.
„Во последните 24 часа се тестирани 149 сомнителни лица, од кои се потврдени 28 нови случаи со Ковид-19. Досега се тестирани 2.396 сомнителни случаи и од нив, 362 случаи се потврдени како позитивни на Ковид-19. Просечната возраст на позитивните случаи на Ковид-19 е 50 години“, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, во последните 24 часа излекувани се 5 пациенти, со што бројот на излекувани лица порасна на 104.