Mustafa Melih Ahıshalı
05 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Иран од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 151 лице, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 3.603, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, во изјавата дадена за државната телевизија соопшти дека во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починале 151 лице.
Џиханпур соопшти дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил на 3.603, а вкупниот број на случаи со зголемување од 2.483 случаи во последните 24 часа во земјата ја достигнал бројката од 58.226.
Истакнувајќи дека 4.057 пациенти, кои се лекуваат, се во критична состојба, портпаролот рече дека 22.011 пациенти се излекувани и пуштени од болница.
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, исто така истакна дека досега во земјата направени се 189.790 теста за Ковид-19.
Ковид-19 во Иран за првпат се појави во градот Ком на 19 февруари.