Zuhal Demirci
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати во Анкара изјави дека силна Турција е важна и за безбедноста на европските земји за земјите од регионот, а не само на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Бушати на состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу разговараше за неколку прашања, меѓу кои и за борбата против тероризмот и терористичките организации.
Албанскиот министер истакна дека владата на таа земја остро го осудува државниот удар во Турција што воените лица лојални на терористичката организација се обидоа да го извршат на 15 јули. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите во тој обид.
Бушати изјави дека меѓу Турција и Албанија постои силна стратешка врска и дека силна Турција е значајна за безбедноста на европските земји и за земјите од регионот. Според неговите зборови, силата на Турција се гледа во решавањето на мигрантската криза и борбата против тероризмот.
Министерот за надворешни работи на Албанија потсети дека Турција во најтешките денови била со неговата земја и го поддржувала членството во организациите како што е НАТО.
Тој истакна дека со турскиот колега разговарал за јакнењето на соработката на полето на енергијата, земјоделството, транспортот и туризмот.
На прашањето за структурите на ФЕТО во Албанија, Бушати истакна дека тие имаат ист став како и Турција, и дека се одлучни во поддршката на таа земја.