Ömer Koparan,Levent Tok,Adham Kako,Eşref Musa,Mohamad Misto,Burak Karacaoğlu
13 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН (AA) - Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, од терористите на терористичката организација ослободени се 42 села во Тел Абјад и Рас ал Ајн кои се наоѓаат во источниот дел на Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е операцијата „Извор на мирот“, која започна од Турските вооружени сили (ТСК) заедно со Националната војска на Сирија, со цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, и дејствуваат против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, од терористите на ЈПГ/ПКК, Турските вооружени сили ослободија 42 села во Тел Абјад и Рас ал Ајн кои се наоѓаат на сириско-турската граница.
Од друга страна, во рамки на операцијата која започна на 9 октомври, од терористите на ЈПГ/ПКК Турските вооружени сили ослободија вкупно 56 села, едно подрачје и еден центар на област.