Операција Извор на мирот

Операцијата „Извор на мирот“: Од терористите ослободено местото Сулук, источно од Еуфрат

Во акциите на Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска ослободен е централниот дел од Сулук, помало место источно од Еуфрат и југоисточно од градот Тел Абјад, на самата граница со Турција

Ömer Koparan, Levent Tok, Adham Kako, Burak Karacaoğlu, Eşref Musa, Mohamad Misto  | 13.10.2019 - Обновена : 13.10.2019
Операцијата „Извор на мирот“: Од терористите ослободено местото Сулук, источно од Еуфрат

ТЕЛ АБЈАД (AA) - Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, од терористите на ЈПГ/ПКК ослободено е местото Сулук, југоисточно од сирискиот град Тел Абјад, на самата граница со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Вооружените сили на Турција, на 9 октомври, заедно со Сириската национална војска започнаа воена операција „Извор на мирот“, на североистокот на Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а операцијата успешно продолжува.

Во акциите на Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска ослободен е централниот дел од Сулук, помало место источно од Еуфрат и југоисточно од градот Тел Абјад, на самата граница со Турција.

Контролата над Сулук ја презеде Сириската национална војска, а во тек се активности за проверка и деминирање на теренот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın