Ömer Olcay
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на операцијата „Извор на мирот“ неутрализирани се вкупно 480 терористи на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа го потврди Министерството за национална одбрана преку соопштение објавено на Твитер.
Во соопштението се нагласува дека во текот на ноќта успешно продолжиле копнените и воздушните операции во рамки на операцијата „Извор на мирот“.
„Бројката на неутрализираните терористи достигна 480“, се вели во ова соопштение.