Zuhal Demirci
18 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во одговорот до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јавува Anadolu Agency.
„Господине претседателе, ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото", напиша Ердоган на Твитер, додавајќи дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесе за мирот во регионот.
„Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион", наведе турскиот претседател.
Потсетуваме, Трамп на Твитер претходно напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи".