Здружението на дипломирани студенти и членови на Меѓународниот балкански универзитет ја одбележува првата годишнина
Здружението, кое ги обединува поранешните студенти на универзитетот во Скопје, организираше низа активности како што се состаноци, семинари и социјални проекти во текот на првата година
 
                ИСТАНБУЛ (АА) – Здружението на дипломирани студенти и членови на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопјe ја одбележа првата годишнина од своето основање, со мисија да ги зајакне врските меѓу поранешните студенти и да ги зачува универзалните и мултикултурни вредности и визија на универзитетот, јавува Анадолу.
Здружението, кое ги обединува поранешните студенти на универзитетот што работи во главниот град на Северна Македонија, организираше низа активности како што се состаноци, семинари и социјални проекти во текот на првата година, со цел зајакнување на соработката и градење активна мрежа на поранешни студенти.
Еден од приоритетите е и менторство на нови студенти преку врски со искусни дипломирани студенти, се вели во соопштението на здружението.
Нагласено е дека во наредниот период, здружението има за цел да ја прошири својата мрежа на поранешни студенти на глобално ниво, да организира меѓународни настани и да обезбеди кариерна поддршка на новите дипломирани студенти.
Ректорот на универзитетот, проф. д-р Лутфи Сунар, според соопштението, истакна дека ИБУ не е само образовна институција, туку „големо семејство“ и дом каде што „пријателствата, спомените и споделените идеали повторно цветаат“.
„Како универзитет, секогаш ќе ја поддржуваме оваа вредна иницијатива и ќе продолжиме да растеме заедно“, рече тој.
Претседателот на Здружението, Сулејман Каракуш, изјави дека со основањето на здружението минатата година, исполнета е институционалната потреба и за универзитетот и за дипломираните.
„Се обидовме да го прошириме влијанието на нашето здружение преку разни активности во текот на целата година“, рече тој, додавајќи дека целта е да се зајакне „комуникацијата помеѓу универзитетот и дипломираните студенти на највисоко ниво“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата. 
             
 
             
                                     
                                     
                                    