Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ТОКИО (АА) - Јапонското вселенско летало „Хајабуса2“ (Hayabusa2) слета на астероидот Рјугу, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонскиот центар за вселенски истражувања (JAXA) соопшти дека вчера за првпат вселенското летало „Хајабуса2“ слетало на астероидот Рјугу, од каде што, благодарение на собраните примероци, се планира да се откријат индициите поврзани со создавањето на Сончевиот Систем.
Вселенското летало „Хајабуса2“ по слетувањето на астероидот, кој од Земјата е оддалечен 280 милиони километри, испрати сигнал, кој од страна на службениците во JAXA беше проследен со аплауз.
Планирано е јапонското вселенско летало на три пати да слета на астероидот и при секое слетување да собере парчиња од тлото под леталото. Се очекува „Хајабуса2“ со овие примероци да се врати на Земјата.
Министерот за образование на Јапонија, Масахико Шибајама, изјави дека според добиените податоци, првото слетување за прибирање примероци од астероидот е успешно изведено.