Sena Güler
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција е развиен нов паметен систем кој ги предупредува граѓаните за нерегуларности кај електричните столбови преку звучни и светлосни сигнали, соопшти турската компанија за електрична енергија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Енерџиса“ нагласи дека системот наречен „Не допирај ме“ ќе ги заштити животите на луѓето, особено на децата и животните, од струен удар.
Развиен е од инженерите на „Енерџиса“ и ќе биде интегриран во електричните столбови во однапред определени реони.
„За да се монтира системот на столбот потребни се само пет минути, а работи со напонот од столбот без потреба од надворешен извор на енергија“, велат од компанијата.

Кога се појавува дефект, уредот ќе ги предупреди луѓето во близина преку звучен и светлосен сигнал.
Жителите, така, ќе можат да пријават дефект со бирање на бројот на компанијата.
- Приоритет се погусто населените области -
Азиската страна на Истанбул е избрана за прво пробно поставување на уредот. Подоцна, системот ќе се користи и во другите делови на земјата.
Уредот е веќе поставен на над 3.000 столбови, а се планира наскоро да се постави на 10.000.
Понатаму планиранио е поставување на уште 30.000 столбови во други градови, најпрвин во густо населените области, во училиштата, болниците, рекреативните подрачја и плоштадите.
Освен контролите и периодичното одржување, системот има за цел да го намали ризикот од оштетувањата на електричните мрежи и столбовите што се изложени на надворешни фактори.
Системот оваа недела доби награда за иновација.