Handan Kazancı
25 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во воздушната операција спроведена во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите, кои подготвувале напад, се неутрализирани во регионот Гара.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак, близу границата со Турција, како база за планирање напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.