Gözde Bayar
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
КОЊА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за приведување на 30 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во централната турска област Коња соопштија дека 23 од осомничените биле воен персонал во активна служба.
„Осомничените се товарат дека биле „тајни имами“ во терористичката ФЕТО - високи припадници на организацијата“, соопштија извори кои побараа да не бидат именувани.
Лицата се бараат како дел од истрагата за тајната мрежа на ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК).
Полицијата спроведе паралелни операции раководени од Коња во 23 области низ Турција.
Во друг случај, полицијата приведе 34 лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Според обвинителите на Истанбул, издадени се и налози за приведување на 54 наредници во Турските вооружени сили, од кои осуммина во активна служба, како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во Турските копнени сили.
Во симултани операции раководени од Истанбул низ 16 турски области приведени се 34 лица.
Лицата се товарат за користење на „БајЛок“ (ByLock), смартфон-апликација за шифрирани пораки, и за комуникација со припадниците на терористичката организација преку телефонски говорници.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.