Турција, наука и технологија

Турската одбранбена индустрија започна со реализирање на нарачките за 2021 година

„Ние ќе продолжиме по нашиот пат со понатамошно проширување на целите во 2021 година“

Tuba Şahin  | 11.01.2021 - Обновена : 12.01.2021
Турската одбранбена индустрија започна со реализирање на нарачките за 2021 година

АНКАРА (АА) - Турската одбранбена индустрија е решена да ги заврши своите тековни проекти, да испорача нови системи до вооружените сили низ светот и да започне со нови проекти во 2021 година, изјави денес челникот на Претседателството на одбранбените индустрии на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Оваа година ќе ги реализираме првите испораки на борбеното беспилотно летало Акинџи“, изјави на прес-конференција Исмаил Демир.

Минатиот август, вториот прототип на Акинџи, првото беспилотно летало од домашно турско производство, го помина тестот на висина од 20.000 стапки (6.096 метри).

Беспилотното летало може да лета 24 часа, максималната височина на летање е 40.000 стапки (12.192 метри), леталото има распон на крилјата oд 20 метри и носивост од 1.350 килограми.

Демир истакна дека испораката на надградената верзија на борбениот хеликоптер АТАК, АТАК Фаз-2, ќе започне оваа година.

АТАК Фаз-2 има дополнителни системи за електронско војување, како што се ласерски предупредувачки систем, блокатор на радиофреквенции и систем за радарско предупредување. Направен во Турција, АТАК е хеликоптер од следната генерација, тандем и двосед, двомоторен хеликоптер, специјално дизајниран за напади и извидување.

„Годинава ќе бидат извршени и првите испораки на првата противбродска ракета Атмаџа од турско производство, торпедото Акја и противтенковската ракета Караок“, рече Демир.

Тој истакна дека турската одбранбена индустрија во голема мерка ги исполнила целите за 2020 година со реализирање на новите испораки и со започнувањето нови проекти за задоволување на потребите на вооружените сили.

„Ние бевме успешни во борбата против Ковид-19 од една страна и ги затворивме ембаргата од друга страна“, нагласи Демир, додавајќи:

„Ние ќе продолжиме по нашиот пат со понатамошно проширување на целите во 2021 година.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.