Mehmet Fatih Erdoğdu
11 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Селчук Бајрактар, челникот на турската одбранбена компанија „Бајкар“, специјализирана за беспилотни летала и вештачка интелигенција, на социјалните мрежи ја сподели првата фотографија од исфарбаниот турски беспилотен борбен авион наречен „Бајрактар Кизилелма“ (Црвено јаболко), јавува Агенција Анадолија (АА).
Бајрактар на Твитер наведе дека ова е прва фотографија на исфарбаниот турски борбен авион „Бајрактар Кизилелма“.
Водечкиот турски производител на беспилотни летала „Бајкар“ во март годинава го претстави прототипот на турскиот беспилотен борбен авион наречен „Бајрактар Кизилелма“ (Црвено јаболко), кој компанијата го разви со домашни ресурси.
Во соопштението на „Бајкар“ се наведува дека „Бајрактар Кизилелма“ со своите агресивни маневри и напредна вештачка интелигенција во иднина ќе биде еден од најсилните елементи на безбедносните сили на бојното поле.
„Бајрактар Кизилелма“, кој ќе има можност да слетува и полетува на бродови со кратки полетно-слетни писти, како што е бродот „ТЦГ Анадолу“, кој Туркије го изгради и во моментов врши тестирања, ќе игра важна улога во прекуморските мисии.
Како што наведоа од компанијата „Бајкар“, борбениот беспилотен авион „Бајрактар Кизилелма“, кој е способен да води воздушна борба како борбените авиони со екипаж со агресивни маневри, со овие способности ќе ја промени рамнотежата на бојното поле, за разлика од беспилотните летала развиени од домашни и национални ресурси и кои имаат големо влијание во светот.