Şeyma Uzundere
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
АНКАРА
Истражувачите од Институтот за биоекономски истражувања во Сванвик, Норвешка, го истражуваа влијанието на климатските промени врз поларните мечки, истражува Агенција Анадолија (АА).
Во студијата што ја спроведоа Снор Хаген и Симо Мадуна, испитани се примероци на ДНК земени од 622 поларни мечки на архипелагот Свалбард, во близина на Северниот Пол.
Изработената анализа на ДНК покажа дека е намалена генетската разновидност на поларните мечки.
Анализата, базирана на различни критериуми, откри дека генетската разновидност се намалила за 3 до 10 % во периодот од 1995 до 2016 година.
Наведувајќи дека топењето на глечерите предизвикало различни видови поларни мечки да се одделат едни од други, истражувачите посочија дека поради новонастанатата ситуација се зголемило блискородовото вкрстување.
Истражувачите истакнаа дека сѐ додека трае катастрофалното влијание на климатските промени врз глечерите, поларните мечки ќе се соочуваат со опасноста да ја загубат генетската разновидност.
Студијата е објавена во списанието „Royal Society“.