Riyaz Khaliq Khaliq
17 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Тројца кинески астронаути денеска безбедно се вратија на Земјата, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Капсулата на вселенскиот брод со екипаж „Шенжоу 12“, се спушти на Земјата во Донгфенг, Внатрешна Монголија, сите живи и здрави“, објави на Твитер Хуа Чунјинг, портпаролка на Министерството.
Во јуни годинава, Кина го лансира вселенското летало со екипаж „Шенжоу-12“ од Центарот за лансирање сателити „Џиукуан“ во пустината Гоби, во југозападната покраина Гансу.
Астронаутите Ни Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо поминаа три месеци на станицата Тиангонг, каде што спроведуваа задачи на поправка и одржување и научна работа за време на нивниот престој.
Ова беше првпат во речиси пет години Кина да испрати астронаути во вселената. Ова беше прва мисија со екипаж и трета етапа од 11-те мисии за лансирање од фазата на интензивна изградба на вселенската станица.
Во април, Кина го лансира основниот модул за вселенската станица во облик на буквата Т, а нејзиното завршување се очекува да биде следната година.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг разговараше со астронаутите додека беа во вселената од каде што одржуваа и виртуелни часови на избрана група студенти во Кина.
Вселенската станица би имала животен век од 10 години, но со соодветно одржување и поправки може да ѝ се продолжи животниот век на повеќе од 15 години.