наука и технологија

Студија: Вештачката интелигенција покажува повисока емоционална интелигенција од луѓето

Тимови од универзитетите во Женева и Берн спровеле тестови за емоционална интелигенција - првично развиени за проценка на луѓето - на шест различни системи со вештачка интелигенција

Esra Tekin  | 23.05.2025 - Обновена : 28.05.2025
Студија: Вештачката интелигенција покажува повисока емоционална интелигенција од луѓето

ИСТАНБУЛ (АА) - Вештачката интелигенција (ВИ) постигнала подобри резултати од луѓето на тестовите за емоционална интелигенција, покажува најновата студија на швајцарски истражувачи, јавува Анадолу.

Тимови од универзитетите во Женева и Берн спровеле тестови за емоционална интелигенција - првично развиени за проценка на луѓето - на шест различни системи со вештачка интелигенција.

Серијата тестови од пет дела го испитувала нивото на емпатија и способноста за препознавање, управување и регулирање на емоциите.

Дел од сценаријата биле емотивни, како на пример, избор на најсоодветна реакција кога нечија идеја е украдена од колега на работа.

Според резултатите, ВИ дала точни одговори во 82 отсто од случаите, додека точноста кај луѓето изнесувала само 56 отсто.

Во втората фаза од студијата, истражувачите му поставиле задача на ЧетЏПТ да генерира нови тестови за емоционална интелигенција.

Тие тестови биле потоа оценувани од над 400 учесници и се покажало дека се исто толку реалистични како и оние создадени од луѓето.

„Ова сугерира дека вештачката интелигенција не само што ги разбира емоциите, туку и го сфаќа значењето на емоционалното интелигентно однесување“, изјави истражувачот Марчело Мортиљаро.

Според експертите, наодите отвораат можности вештачката интелигенција, под стручно водство, да се користи во области кои традиционално се сметале за исклучиво човечки – како образованието, менторството и решавањето конфликти.

Резултатите од студијата се објавени во научното списание „Комуникациска психологија“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.