Tayfun Salcı
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
ЛОНДОН (АА) - Светски познатиот британски теоретски физичар Стивен Хокинг почина утрово во 76. година од животот во својот дом во Кембриџ, соопшти неговото семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во минатогодишното интервју за Би-Би-Си Хокинг рече дека не помислувал дека ќе доживее 75 години и додал дека се чувствува исклучително среќен бидејќи има можност да претставува научни резултати.
Во минатогодишнот интервју Хокинг потсети дека во младоста, на 21 годишна возраст се разболел од амиотрофична латерална склероза (АЛС), парализирачка болест која предизвикува слабеење на мускулната маса. Зборувајќи дека потполно е неподвижен, во количка, без способност за говор, со околината комуницира единствено со помош на компјутерски синтетизатор на глас, но и по 54 години откако се разболел, продолжува да работи и објавува научни трудови.
Стивен Хокинг
Хокинг е познат по својот придонес на полето на космологијата и квантната гравитација, особено на темата за црните дупки и голем број дела во кои ги изнесува своите теории за космосот.
Негово најпознато дело е научниот бестселер „Краткa историја на времето“ (A Brief History of Time), кое го зазема првото место на листата на бестселери на британскиот весник Sunday Times.
Хокинг уште за време на својот живот е сметан за најголем ум меѓу научниците по Алберт Ајнштајн.