Övünç Kutlu
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
ЊУЈОРК (AA) - Илон Маск, основачот на американскиот произведувач за вселенски и ракетни летала „Space X“, изјавува дека првите тестови за патувањето до Марс ќе започнат следната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот извршен директор на „Space X“, Маск, кој минатиот месец успешно ја лансираше најмоќната комерцијална ракета „Falcon Heavy“, зборуваше на еден настан што се одржа во Остин, Тексас.
„Го градиме првиот меѓупланетарен брод, кој ќе патува на Марс. На почетокот ќе има кратки летови. Предвидуваме тестовите да започнат во првата половина од следната година“, рече Маск, кој објаснува за плановите на „Space X“.
Маск изјави дека во почетокот, на тестовите ќе бидат спроведени експерименти со слетување и полетување, но дека луѓето нема да бидат присутни на летовите.
Тој се надева дека тестовите на „Space X“, ќе ги инспирираат и другите компании за вселенски и ракетни технологии, и особено државите, да се фокусираат повеќе на истражување на вселената, но истакна и дека во почетокот, на луѓето ќе им треба извор на енергија, стаклена купола и основни животни потреби за на Марс.
Имаше задоцнување во издавањето на пазарот на електричното возило „Model 3“, развиено од „Tesla motors“, американска компанија за складирање енергија и произведувач на електрични автомобили, со која своевремено управуваше Маск.
Маск е познат како „визионерски милијардер“ и „љубител на вселената“ во САД, a неговата ракета „Falcon Heavy“, е позната по ракетните делови за повеќекратна употреба, по капацитетот да носи тежок товар и по релативно евтината цена од 90 милиони долари.
„Falcon Heavy“ е најмоќната комерцијална ракета, која е дизајнирана до денес, со носивост од 63,8 тони.