Tolga Yanık
28 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (AA) – Главниот дизајнер на американската компанија „Епл“ (Apple), Џони Ив, ја напушта таа компанија по 27 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската медиумска куќа „Би-би-си“ (BBC) јави дека еден од најблиските соработници на Стив Џобс одлучил да ја напушти компанијата „Епл“, во која во текот на изминатите три децении беше најзаслужен човек за изгледот на ајфон, ајмек, ајпад и други производи со „гризнатото јаболко“.
Истиот извор најавува дека Ив планира да отвори сопствена компанија.
Актуелниот челник на „Епл“, Тим Кук, рече дека Ив имал неспорна улога во развојот на компанијата и нејзините производи.
Основачот на „Епл“, Стив Џобс, во повеќе наврати говореше дека Ив го смета за сродна душа. Ив на чело на Одделот за дизајн во „Епл“ дојде во 1996 година и одигра главна улога во надминување на тогашната финансиска криза на оваа компанија.
Иако некои американски медиуми го видоа на чело на „Епл“ по смртта на Стив Џобс, Ив одлучи да основа нова компанија „Love Forum“, а првиот купувач ќе му биде „Епл“.