Nuri Aydın
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
АНКАРА
Според веста на „Rt.com“, научниците, со методот на електроенцефалографија (ЕЕГ) ја испитале активноста на мозокот на 87-годишен пациент со епилепсија, снимена во моментот на неговата смрт по срцевиот напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Научниците откриле дека мозокот на починатиот ја врши истата активност како и човечкиот мозок кој „сонува, се сеќава на минатото или медитира“.
Во текот на испитувањето откриено е дека мозочната активност на лицето кое починало на 87-годишна возраст, продолжиле 15 минути. Исто така, се забележува дека откритието покажува што се случува во моментот на смртта.
Д-р Ајмал Земар од истражувачкиот тим нагласи дека пред смртта на човекот, мозокот за последен пат може да се сети на неговите важни моменти во животот.
Меѓу другото, Земар истакна дека активноста на мозокот може да ги промени перцепциите за тоа кога завршува животот и времето кога може да се донираат органи.
Резултатите од истражувањето објавени се во списанието „Frontiers in the Neuroscience of Aging“.