Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
АНКАРА (АА) – Скот Шепард од Научниот институт „Карнеги“, Чад Трухило од Универзитетот „Северна Аризона“ и Дејвид Толен од Универзитетот „Хаваи“, откриеното небесно тело го именуваа „2015 TG387“, пренесува Anadolu AGency (AA).
Меѓународната астрономска унија ги соопшти деталите за откритието со кое ќе биде потребно одново да се дефинира крајот на Сончевиот систем.
Списанието „Астрономикал џурнал“ објави дека небесното тело е откриено при потрагата на далечен супер свет и планета Х во Сончевиот систем.
Се наведува дека „2015 TG387“ се наоѓа многу подалеку од Плутон, и се додава дека оддалеченоста од Сонцето е околу 80 пати поголема од растојанието од центарот на Сонцето до центарот на Земјата. Небесното тело ротира во многу далечната орбита.