Gamze Türkoğlu Oğuz
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (АА) - Забележани се ефектите на општата теорија на научникот Ајнштајн при движењето на една ѕвезда во близина на полето на дејствие на гравитационите сили на една супермасивна црна дупка во средиштето на Млечниот пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Science Daily“, споменатиот настан кој е прифатен за врв на 26-годишното истражување со екстремно големиот телескоп на Европската организација за астрономски истражувања во јужната хемисфера (ESO), се случил во близина на супермасивна црна дупка која е најблиска на Земјата.
Супермасивната црна дупка која е 4 милиони пати поголема од Сонцето во нашиот систем, од Земјата е оддалечена 26.000 светлосни години. Оваа супермасивна црна дупка е опколена од група ѕвезди кои кружат со голема близина и е именувана како гравитационо чудовиште.
Со многу големиот телескоп и исклучително чувствителните инструменти GRAVITY, NACO и SINFONI, направено е инфрацрвено набљудување при што е забележано дека ѕвездата именувана како „S2“, во мај минала многу близу црната дупка. Sвездата се наоѓала на растојание помало од 20 милијарди километри, а се движела со брзина од 25 милиони километри.
Рајнхард Гензел од Институтот „Макс Планк“ кој е предводник на меѓународната екипа што ги спроведува овие чувствителни мерења, истакна дека отворено се потврдува Теоријата на Ајнштајн, која предвидува ефект на поместување на светлината кон црвениот спектар поради гравитационите сили.
Ајнштајновата теорија за релативност претходно беше потврдена во една друга галаксија, надвор од Сончевиот систем.
Експерти под лидерство на Томас Колет од Институтот за космологија и гравитација при Универзитетот „Портсмут“, ја набљудуваа гравитацијата во една блиска галаксија, при што е забележано прекршување на гравитационите сили, како што предвидува Теоријата за релативност на Ајнштајн.