наука и технологија

Последните 7 години се евидентирани како „најтопли години“ во светот

- Глобалната просечна температура минатата година била 0,3 степени над температурата на референтниот период од 1991 до 2020 година.

Nuran Erkul Kaya  | 11.01.2022 - Обновена : 12.01.2022
Последните 7 години се евидентирани како „најтопли години“ во светот

ИСТАНБУЛ

Периодот од 2015 до 2021 се забележани како „најтопли години“ во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според годишните наоди на Службата за климатски промени на ЕУ Коперник, концентрациите на стакленички гасови во атмосферата продолжија да се зголемуваат во текот на 2021 година.

Во овој период, глобалните нивоа на јаглерод диоксид и метан достигнаа рекордни нивоа.

Емисиите на јаглерод од светските шумски пожари достигнаа вкупно 1.850 мегатони, поттикнати особено од пожарите во Сибир. Оваа бројка претходната година изнесуваше 1.750 мегатони.

Во 2021 година, просечната годишна температура во светот беше 0,3 степени над температурата на референтниот период од 1991 до 2020 година.

Со тоа, периодот 2015-2021 година се убедливо „најтоплите 7 години“ измерени досега во светот.

Во наведениот период се издвојуваа 2015, 2018 и 2021 година. Во 2021 година во Европа летото беше обележано со силни топлотни бранови во Медитеранот и поплави во Централна Европа.

Регионите со највисоки натпросечни температури во споредба со последниот референтен период од 30 години го вклучуваат појасот од западниот брег на САД и Канада до североисточна Канада и Гренланд, како и Централна и Северна Африка и голем дел од Блискиот Исток.

Региони со температурни вредности кои најмногу паднаа под просекот беа западните и најисточните делови на Сибир, Алјаска и централниот и источниот дел на Тихиот Океан, поголемиот дел од Австралија и некои делови на Антарктикот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.