Emre Aytekin
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Леден брег со тежина од 315 милијарди тони се отцепи од ледената плоча „Амери“, североисточно од Антарктикот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста во британски „Би-би-си“, ледениот брег „Д28“, со површина од 1.636 квадратни километри и со дебелина од 210 метри е најголемата маса која е отцепена од ледената плоча „Амери“ од 1960-тите години.
Научниците посочија дека отцепувањето е нормално и дека не е предизвикано од глобалните климатски промени.
Ледениот брег може да претставува ризик за поморскиот сообраќај, па затоа е следен од сателити.
На Антарктикот, во 2017 година, леден брег од 5.800 квадратни километри и тежок околу 1 билиони тони се отцепи од ледената плоча „Ларсен Ц“.