наука и технологија

„Отцепувањето на ледениот брег од Антарктикот не е поради климатските промени“

- „Сосема е нормално ледените плочи да се отцепат периодично и тоа е процес кој се очекува на секои 60 до 70 години. Не би било точно кога би се кажало дека последното отцепување на ледениот брег од Антарктикот е поврзано со климатските промени.“

Dilara Zengin  | 02.10.2019 - Обновена : 03.10.2019
„Отцепувањето на ледениот брег од Антарктикот не е поради климатските промени“ Foto: Dilara Zengin - Anadolu Agency

АНКАРА

Со отцепувањето на ледената санта од брегот Амери на североисточниот дел на Антарктикот со тежина од 315 милијарди тони, започнаа дебатите за климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).

Доцент д-р Бурџу Озсој, директор на Центарот за поларни истражувања (PolReC) при Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU) и лидер на турската Национална научна експедиција на Антарктикот, за АА даде изјава во врска со отцепувањето на ледениот брег што од „Белиот Континент“ се одвои на 26 септември, информирајќи дека ледените плочи се делови кои преку морето се поврзани со брегот.

Д-р Озсој истакна дека дебелината на ледените плочи се движи од 50 до 600 метри и се со животен век од илјадници години и додаде дека ледените планини се делови кои се отцепуваат од глечерите и ледените плочи.

Озсој потсети дека на западниот дел од Антарктикот досега на повеќепати се случило да дојде до отцепување на мраз и продолжи со зборовите „Специфичноста на отцепувањето што се случи овој пат е што тоа се случи на источниот дел од континентот и што тој се оддели од Амери, која е трета по големина ледена плоча на Антарктикот.“

- „Се отцепи многу подоцна од очекуваното“

Информирајќи дека ледената плоча Амери опфаќа површина од 60.000 километри квадратни, д-р Озсој рече дека од сателит се следи ледениот брег именуван како „D28“, кој минатата недека се отцепи од брегот, а е со површина од 1.636 километри квадратни и дебелина од 210 метри.

Велејќи дека научниците уште од 1963 година ги следат ледените плочи на Антарктикот, истакна:

„Сосема е нормално ледените плочи да се отцепат периодично и тоа е процес кој се очекува на секои 60 до 70 години. Амери е една од ледените плочи кои се следат од страна на научниците. Не би било точно кога би се кажало дека последното отцепување на ледениот брег од Антарктикот е поврзано со климатските промени. Споменатиот леден брег се очекуваше да се отцепи во периодот меѓу 2010 и 2015 година. Да беше поврзан со состојба поради климатските промени, тогаш тој одамна ќе се отцепеше.“

- Отцепената санта се следи од сателит

Британската медиумска куќа „Би-би-си“ (BBC) објави дека отцепениот леден брег е најголема маса која се одвоила од ледената плоча Амери од 1963 година досега.

Посочувајчи дека ледената плоча Амери има функција на испуштање вода од источниот дел на континентот, поради создадената опасност за морнарите, ледениот брег се следи од сателит.

Во 2017 година од ледената плоча „Larsen C“ на Антарктикот се отцепи леден брег со површина од 5.800 километри квадратни и тежина од приближно 1 билион тони (според долгата скала за бројки).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın