Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ЛОНДОН/БЕРЛИН (AA) - Германските и британските научници открија долази дека на Антарктикот пред 90 милиони години постоеше прашума, односно шумски екосистем препуштен на влажната клима и без човечко влијание, јавува Агенција Анадолија (АА).
Списанието “Science Daily“ објави дека научниците до тие докази дојдоа со сондажно земање на примероци од дното на Амундсеновото море кај островот Пине.
Деталниот извештај за епохалното истражување го објави и списанието “Nature“, а во него се наведува дека примероците на ситнозрнестата глина и алувијалните седименати стари околу 90 милиони години.
Научниците со томографските методи отркија постоење на шумско тло, пелуди, семиња и корени на дрвја на дното на морето.
„Исклучително е откритието на прашумата која беше сокриена 90 милиони години. Меѓутоа, зачудувачки е фактот дека многумина мочуришни прашуми преживувале и во мрачните месеци во непосредна близина на Јужниот пол. Тоа покажува дека постоела значително потпола клима од претходните предвидувања", рече шефицата на научноистражувачкиот тим Тина ван де Флерд.