Mücahit Oktay
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Американските научници соопштија дека откриле карпеста планета „Супер Земја“, формирана пред 10 милијарди години во еден стар ѕвезден систем, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Научниците нагласија дека на оваа планета која е дел од ѕвезден систем формиран неколку милијарди години по галаксијата Млечен пат, не се откриени наоди кои ќе го поддржат животот, но дека е висока можноста во ваквите планети со долг животен век, да постоел живот во минатото.
„Нашата Земја постои веќе околу 5 милијарди години. Замислете што може да има во една карпеста Земја која постои веќе 10 милијарди години. Јас апсолутно би сакал да дознаам“, рече професорот на Универзитетот на Хаваи, Лорен Веис, во изјава за медиумите на годишниот состанок на Американското здружение на астрономи, додавајќи дека оваа планета поседува океан со магма.
Се истакнува дека планетата е именувана како „TOI-561 b“, и дека е двојно поголема од Земјата.
За ова откритие кое е прифатено во „Астрономикал журнал“ (Astronomical Journal), се искористени мисијата ТЕСС на НАСА и техничките можности на опсерваторијата „Кек“.