Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Научниците од американскиот Универзитет Стенфорд развија нов вид ткаенина која зависно од потребата загрева и лади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Професорот Ји Цуи е лидер на научниот тим кој на база на материјалите од кои се произведуваат и обичните кујнски крпи разви нов вид двострана ткаенина која го загрева или лади телото, во зависност од која страна ќе се сврти.
Проектот е плод на интересот на Цуи за енергетската ефикасност, а целта е со ефективно зачувување на телесната температура и удобноста луѓето да ги штедат енергентите што се користат за централно греење и климатизација на просторот.
„Зошто да загреваме и ладиме цели згради, ако можеме да го загреваме или ладиме телото на човекот“, рече професорот Цуи.
Крајната цел на научниците е да развијат достапна ткаенина која лесно ќе се обработува во текстилните фабрики и која ќе донесе големи заштеди на енергија во целиот свет.
Деталниот извештај за научните достигнувања е објавен во списанието „Science Advences“.