наука и технологија

НАСА со тестирања на звучна експлозија во близина на Мексиканскиот Залив

НАСА во близина на Галвестоун го започна двенеделниот проект во врска со тивките суперсонични истражни летови, и дека за да се види реакцијата на народот, во фазата на тестирање се летаат авиони од типот F/A-18.

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 07.11.2018 - Обновена : 08.11.2018
НАСА со тестирања на звучна експлозија во близина на Мексиканскиот Залив

Ankara

ГАЛВЕСТОУН (AA) - Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) реализира тестирања на звучна експлозија во Мексиканскиот Залив, пренесува Anadolu Agency (АА).

Весникот „Хјустон хроникл“ (Houston Chronicle) во вест напиша дека НАСА во близина на Галвестоун го започна двенеделниот проект во врска со тивките суперсонични истражни летови, и дека за да се види реакцијата на народот, во фазата на тестирање се летаат авиони од типот F/A-18.

Се вели дека НАСА работи со околу 500 волонтери, со цел да го регистрираат нивото на звучните експлозии предзивикани од F/A-18, и да испратат фидбек за тоа.

Податоците околу реакцијата на народот за звучните експлозии ќе бидат споделени со „US Federal Aviation Administration“.

„US Federal Aviation Administration“ ги забрани суперсоничните летови над копно поради загриженоста како тие ќе влијаат врз заедниците и инфраструктурата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.