Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Европската вселенска агенција (ESA) го лансираше метеоролошкиот сателит кој е произведен со делови од пред 10 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Space.com“, сателитот „MetOp-C“, одговорен за набљудување на климатските промени и подобрување на временските прогнози, е лансиран од Француска Гвајана со ракетата „Soyuz“ на компанијата „Arianespace“.
„MetOp-C“ е произведен во исто време со претходно лансираниот ист сателит, но бил задржан во магацин, со цел да се користи подоцна. Се очекува дека овој сателит беспрекорно ќе ги извршува своите обврски, сѐ додека не се произведат технологии од новата генерација.
Сателитите „MetOp A“ и „MetOp B“ беа лансирани во 2006 и во 2012 година.
Активностите на двата сателита кои се очекуваат да функционираат најмалку 5 години, се сметаат за благодат од страна на метеоролозите.