наука и технологија

OECD предупредува на влијанието на бактериите отпорни на антибиотици

- Според извештајот, во случај да не се преземат мерки за спречување на растот на бактериите отпорни на антибиотици, тоа ќе биде причина за смртта на 2,4 милиони лица во наредните 30 години во Европа, Северна Америка и Австралија.

Yusuf Özcan  | 08.11.2018 - Обновена : 12.11.2018
OECD предупредува на влијанието на бактериите отпорни на антибиотици

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Организацијата за економска соработка и развој (OECD) упати предупредување дека во случај да не се преземат мерки против бактериите отпорни на антибиотици, тоа ќе биде причина за смртта на 2,4 милиони лица во наредните 30 години во Европа, Северна Америка и Австралија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Организацијата за економска соработка и развој објави извештај во кој се истражувани ефектите на антибиотиците и бактериите врз човекот.

Според извештајот, во случај да не се преземат мерки за спречување на растот на бактериите отпорни на антибиотици, тоа ќе биде причина за смртта на 2,4 милиони лица во наредните 30 години во Европа, Северна Америка и Австралија.

Во извештајот се наведува дека преземајќи мали и обични мерки, може да се спречат три од четири смртни случаи предизвикани од инфекции.

Понатаму, во овој извештај се вели дека во 33 земји на Организацијата, годишно, по откривањето на болестите, во просек се трошат 3,5 милијарди долари за борба против бактериите.

Се истакнува дека мерките за спречување на ширењето на бактериите ќе овозможат спасување на животите на луѓето.

Во извештајот, влијанијата на антибиотиците врз болните лица е подредено според земјите. Според овој извештај, меѓу земјите членки на Организацијата, најголема смртност на луѓето ќе има во Италија, Грција и Португалија.

Според извештајот, влијанието на антибиотиците врз бактериите е седум пати помало во Турција, Кореја и Грција, во споредба со влијанието на антибиотиците врз бактериите во Холандија, Норвешка и Исланд.

Покрај тоа, во извештајот се наведува дека во земјите со ниски и средни приходи, отпорот против бактериите е поголем.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın