Zuhal Demirci
23 Декември 2022•Ажурирај: 24 Декември 2022
ЛОНДОН (АА) - Како последица на бактериска инфекција со стрептококи од групата А во Велика Британија починаа 94 лица, меѓу кои 21 дете, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стрептококи од групата А (GAS) или Стреп А е вид бактерија која често се наоѓа во грлото и на кожата. Може да се пренесе со кашлање и кивање, како и со контакт кожа на кожа.
Според Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA), 21 лице на возраст под 18 години во земјата починале како последица на бактериската инфекција со стрептокока А.
Бројот на починати се искачи на 94.
Во периодот од 2017 до 2018 година како последица на инфекција со споменатата бактерија починале 355 лица, од кои 27 помлади од 18 години.
Во соопштението од 6 декември, УКХСА ги предупреди семејствата да бидат внимателни во однос на инфекцијата и истакна дека зачестеноста на лекувањето со антибиотици е поголема отколку во претходните години. Агенцијата процени дека зголемувањето најверојатно се должи на големата циркулација на бактериите во заедницата.
Познато е дека бактеријата Стреп А живее во грлото и кожата на луѓето, често предизвикувајќи настинки и одвреме-навреме болки во грлото.
Бактериите кои предизвикуваат црвенило и инфекција на кожата на некои делови од телото може да доведат до сериозни компликации, а во одредени случаи и смрт.