наука и технологија

Истражувања: Јамајскиот мајмун дошол од Ј.Америка пред 11 милиони години

Јамајските мајмуни се вид кој остана мистериозен за многу научници. Сепак, последните истражувања објавени во „Science Daily“ откриваат значаен дел од сложувалката

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Истражувања: Јамајскиот мајмун дошол од Ј.Америка пред 11 милиони години Фото: www.sciencedaily.com

Ankara

АНКАРА (АА) - Научниците со ДНК анализа на фосил од изумрен вид јамајски мајмун (Xenothrix) утврдија дека ова животно со потеклото е поврзано за мајмуните Тити (Callicebinae), кои живеат во Јужна Америка, пренесува Anadolu Agency (AA).

Јамајските мајмуни се вид кој остана мистериозен за многу научници. Сепак, последните истражувања објавени во „Science Daily“ откриваат значаен дел од сложувалката.

Во истражувањето што го спровеле експерти од Меѓународната еколошка фондација и природно-историските музеи на Лондон и Њујорк се претпоставува дека мајмуните од Јамајка, коишто изумреле пред неколку стотици години поради лов и уништувањето на природната околина, најверојатно за првпат стапнале на Јамајка пред 11 милиони години со помош на кората од растенијата преку делтите на реките од Јужна Америка.

Истражувањата покажаа дека овие животни биле поразлични од кој било друг вид мајмуни и дека генетски се најслични на роднините во Јужна Америка.

„Новото разбирање на еволуциската историја на ксенотриксот покажува дека еволуцијата може да добие неочекувани патишта кога животните се населуваат на островите и кога се изложени на нови средини“, изјави професорот на Меѓународната фондација за заштита на околината, Семјуел Турвеј.

Мајмуните Тити кои живеат на дрвјата во тропските краеви на Јужна Америка имаат долго црвено, сиво или црно влакно. Овие мајмуни се многу активни и енергични.

Деталите од истражувањето се објавени во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“ (PNAS).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın