наука и технологија

„Антарктикот ќе го откриваме заедно со Турција“

„Антарктикот ќе го откриваме заедно со Турција. Во периодот што претстои, научниците ќе спроведат истражувања на различни теми, како што се климатските промени, ледената обвивка, различни бактерии“, истакна Сергеј Шчербаков

Dmitri Chirciu  | 06.11.2018 - Обновена : 07.11.2018
„Антарктикот ќе го откриваме заедно со Турција“

Ankara

АНКАРА (АА) - ДМИТРИ ЧИРЦИУ -

Заменик-претседателот на Државниот комитет за наука и технологија на Белорусија, Сергеј Шчербаков и белоруската делегација од научници, за АА дадоа проценка од средбата со турското Министерство за индустрија и технологија, на која, меѓу другото станало збор за обука за високотехнолошки машини, компјутерски инженеринг, оптичка и ласерска технологија, пишува Anadolu Agency (AA).

Потсетувајќи дека за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Белорусија во 2016 година, двете земји потпишаа договор за научна и технолошка соработка, Шчербаков изјави „Успесите можат да се постигнат тет-а-тет, а не на далечина. Затоа сме тука како претставници на Белорусија.“

Шчербаков истакна дека Турција и Белорусија се вклучиле во најголемата истражувачка и иновативна програма во историјата на Европската Унија (ЕУ) „Horizon 2020“, и додаде дека двете земји спроведуваат проекти на меѓународно ниво.

Зборувајќи дека по прашањето на Антарктикот, двете земји договориле соработка, Шчербаков рече „Антарктикот ќе го откриваме заедно со Турција. Во периодот што претстои, научниците ќе спроведат истражувања на различни теми, како што се климатските промени, ледената обвивка, бактериите“.

- „Зборуваме ист јазик“ -

Сергеј Шчербаков потсети дека минатата година го организирале Белоруско-турскиот иновативен форум, и додаде дека во последние години постои голема соработка на полето на науката и технологијата меѓу Турција и Белорусија.

Шчербаков истакна дека билатералните средби минуваат многу продуктивно, и додаде „Јазиците на нашите нации можат да бидат различни, но бидејќи науката е универзална, нашите научници го зборуваат истиот јазик. Тие не се натпреваруваат меѓусебно, туку со природата.“

Шчербаков информираше дека со Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (ТУБИТАК) спроведуваат заедничка работа, и додаде дека со турските соработници направиле одлучни чекори за меѓусебната соработка.

- „Ја охрабруваме соработката“ -

Зборувајќи дека Турција и Белорусија спровеле голем број истражувања на полето на технологијата, Шчербаков истакна „Наша цел е заедничко производство на производи од полето на високата технологија и нивна презентација на пазарот. Ги охрабруваме бизнисмените од Белорусија да ги посетат индустриските зони во Турција и да постигнат соработка со турските компании.“

Шчербаков информираше дека во неговата земја се спроведуваат интензивни истражувања на полето на медицината, истакнувајќи дека е забележан напредок на полето на биохемијата.

Истакнувајќи дека за болните од рак е развиена локална терапија за рак, Шчербаков рече „При хемиска терапија откривме специјални лекови кои ги убиваат деловите од туморот. На тој начин можеме да ги спасиме животите на голем број луѓе. Сличните лекарства во САД се повеќекратно поскапи во однос на лекарставата во Белорусија. Турција покажува интерес на ова поле.“

Шчербаков истакна дека очекува формирање заедничка комисија која ќе работи на процесот за обезбедување соработка на полето на одбранбената индустрија, и додаде дека со Турција сакаат да работат во призводството на сателити, благодарение на ласерските и оптичките иновации коишто се развиени во Белорусија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.