Emel Öz Gözellik
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) ги објави новите фотографии од планетата Јупитер, јавува Anadolu Agency (AA).
НАСА преку својот профил на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) ги објави фотографиите што вселенската сонда „Juno“ ги изработи при осмото минување близу планетата Јупитер.
„Juno“ во вселената полета во 2011 година и од пристигнувањето на Јупитер, во јули 2016 година, досега, продолжува со активностите на откривање на џиновската гасовита планета.
Леталото „Juno“ на 20 февруари 2018 година ќе го изврши последното испитување, упатувајќи се кон површината на планетата, и ќе ја заврши својата мисија горејќи во атмосферата на Јупитер.