Ömer Faruk Yıldız
22 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Во малезиската сојузна држава Кедах, откриени се предмети изработени од камен за кои се претпоставува дека датираат од пред 17.000 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според малезиските медиуми, при археолошките ископувања во пештерите Келамбу, Тембус и Акар во градот Балинг, што се вршат од минатата година, откриени се ракотворби кои датираат од праисторискиот период.
Откриените предмети се испратени на истражување во Институтут на малезискиот свет и цивилизација, Националниот унверзитет на Малезија и во Одделот за геологија при Универзитетот „Малаја“.
Според првичните сознанија, предметите датираат од пред 17.000 години, односно од старото камено време (палеолит).
Властите нагласија дека ископувањата во регионот ќе продолжат, а можно е во февруари да бидат откриени нови предмети.