Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА
Астрономите на Млечниот Пат открија гигантска структура во облик на бран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Сајанс алерт“ („ScienceAlert“), податоците добиени од истражувањето за мапирање на површината на Млечниот Пат, реализирано од страна на вештачкиот сателит „Гаија“ на Европската вселенска агенција, открија дека појасот Гулд е дел од бранот од гас и прашина долг 9.000 светлосни години.
Во рамки на ова истражување реализирано од страна на астрономите од Институтот за напредни истражување „Редклиф“ при Универзитетот „Харвард“, откриено е дека оваа гигантска структура со облик на бран е широка 400 светлосни години, и се протега 500 светлосни години нагоре и надолу од центарот на галаксијата.
Оваа структура именувана како „Бранот Редклиф“, е опишана како најголемата гасна структура откриена на Млечниот Пат.
Наодите на ова откритие, чии резултати се објавени во списанието „Nature“, беа откриени на 235. состанок на Американската астрономска заедница.