Ekipa
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Необескуражена од проблемите минатото лето, Индија има за цел да ја реализира својата трета мисија на Месечината до 2021 година, изјави денес челникот на Индиската вселенска агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција, челникот на Индиската организација за истражување на вселената (ISRO), Каиласавадиво Сиван, истакна дека активностите за третата мисија на Индија на Месечината, „Чандрајан-3“, се во тек и дека почетокот на мисијата може да се случи следната година, јави „Прес траст оф Индија“ (Press Trust of India).
„Сите активности поврзани со третата мисија на Месечината течат непречено. Ќе има лендер, ровер и погонски модул, како и претходно“, додаде Сиван.
Тој, исто така, рече дека Индија планира да започне најмалку 25 вселенски мисии во 2020 година.
Во јули, Индиската организација за истражување на вселената (ISRO) изгуби контакт со лендерот „Викрам“ од мисијата „Чандрајан-2“, неколку минути пред да слета на површината на Месечината.
Мисијата ќе ја направеше Индија четвртата земја во светот, по САД, Русија и Кина, во реализирање на т.н. меко слетување на Месечината, контролирано слетување без предизвикана посериозна штета.