Fuat Kabakcı
18 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената лансираше експериментален сателит за комуникација, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според новинската агенција „Синхуа“, сателитот бил испратен во орбита со ракетата „Long March - 3B“ од Центарот за лансирање на сателити во „Шичанг“ во провинцијата Сичуан.
Сателитот развиен од Кинеската академија за вселенска технологија ќе се користи за експерименти во брзите комуникациски технологии.
Кина, која се вклучи во „вселенската трка“ по САД и Русија, со брзиот развој во последно време и со амбициозните проекти како што се сателитите со далечински сензори, сателитите за набљудување, изградбата на постојана вселенска станица во орбитата, студиите за Месечината, има за цел да стане лидер во истражувањата на вселенските пространства до 2045 година.