наука и технологија

„Порше“ повлекува над 2.000 луксузни автомобили

„Порше“ од пазарот ги повлекува моделите „Panamera“ и „Boxter“, произведени во последните четири години

Fuat Kabakcı  | 19.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
„Порше“ повлекува над 2.000 луксузни автомобили

ПЕКИНГ (АА) - Компанијата „Порше“ (Porsche) повлекува над 2.000 автомобили од кинескиот пазар поради дефект на воздушните перничиња, јавува Anadolu Agency (AA).

Германскиот производител на луксузни автомобили ќе ги повлече возилата на барање на кинеската Канцеларија за државна контрола на пазарот.

Во најнаселената земја на светот, „Порше“ од пазарот ги повлекува моделите „Panamera“ и „Boxter“, произведени во последните четири години.

Сопствениците на овие модели од 8 ноември ќе можат бесплатно да извршат поправка на воздушните перничиња во овластените сервиси во Кина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın