наука и технологија

Роботската хирургија нуди операции кои се прават од далечина

„Со помош на сегашната технологија, пациентите во Њујорк, Тбилиси или Баку можат технички да бидат третирани од Истанбул“

Erdoğan Çağatay Zontur  | 20.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Роботската хирургија нуди операции кои се прават од далечина

АНКАРА (АА) - Роботската хирургија, метод што се појави со развојот на вселенската технологија, првично беше замислена и дизајнирана да им овозможи на лекарите да ги оперираат своите пациенти иако тие не се присутни физички на исто место, пишува Anadolu Agency (AA).

Со текот на годините зазеде важно место со начинот на кој се извршуваат операциите во моментов.

Но сепак, роботската хирургија не го проби своето место во медицината толку брзо како што се очекуваше поради високите трошоци. Еден робот чини околу 2 милиони долари, а кога ќе се додадат и трошоците за негово одржување, станува алатка која бара голем буџет за болниците.

Октар Асоглу, професор во истанбулската болница „Маслак Аџибадем“, говореше за технологијата за роботска хирургија по оперирањето со уредот, во присуство на Дениз Унај, експерт за социјални медиуми, кој ја набљудуваше операцијата.

Асоглу даде оценка ни трите основни елементи на роботската хирургија, вклучувајќи ги и предностите во однос на докторите, но и во однос на пациентите, но и и слабите и јаките страни на уредот.

„Со помош на сегашната технологија, пациентите во Њујорк, Тбилиси или Баку можат технички да бидат третирани од Истанбул“, рече Асоглу, кој е стручњак во полето на роботската хирургија.

Тој истакна дека еден хирург може да оперира дури и ако не е физички во можност, на пример кога е болен.

„Но, единствената препрека се законите и регулативите во земјите. Операциите не можат да се извршуваат помеѓу две различни земји“, додаде тој.

Асоглу нагласи и дека бројот на хирурзи кои можат да оперираат користејќи вакви уреди претставува уште еден проблем.

„Не е многу лесно да се најде искусен хирург. На пример, еден хирург може да изведе ефикасно приближно 70 роботски операции на дебелото црево, што е една голема бројка, споредбено со болниците каде што може да се изведат околу 10 вакви операции годишно“.

„Во Турција има околу 4.000 пациенти со рак на дебелото црево, а 2.000 - 2.400 од нив имаат потреба од оперативен зафат. Многу е тешко да се постигне тој број“, додаде Асоглу.

Асоглу истакна дека уште една пречка е проблемот со централизацијата во европските земји; односно собирањето на одредени случаи во одредени центри. „Централизацијата, процедурата за прибирање податоци од реалните операции - исто така им помага во обуката на хирурзите, како и за подобрување на вештачката интелигенција на роботите“, додаде тој.

„Европските земји како што се Велика Британија и Франција го решија овој проблем. Со помош на централизацијата, ние мораме многу добро да ги обучуваме [турските] хирурзите за да можат своите операции да ги извршуваат каде било во светот, исто како што американските хирурзи можат да изведат операции од далечина, од нивната земја врз пациент во Турција“, додаде тој.

Говорејќи за карактеристиките на роботската хирургија кои зависат од пациентот, Асоглу истакна дека деликатните операции можат да користат замена како што е лапароскопијата - еден вид хируршка процедура што му овозможува на хирургот да влезе во внатрешноста на абдоменот или карлицата, без да прави големи засеци.

„Особено во тесните телесни шуплини или при сложените операции, постојат области каде што може да се искористи лапароскопската и роботската хирургија како замена една за друга“, рече тој.

„Така, хирурзите ќе можат да оперираат на двата начина многу успешно, во зависност од пациентот и болеста. Важното овде е да се знае кој метод треба да се користи за кој вид на пациент“, нагласи Асоглу.

Тој истакна дека хирурзите може да се обучуваат во универзитетските болници со помош на одредена финансиска поддршка.

„Затоа, на универзитетите им е потребна финансиска поддршка, реконструкција и генерации што можат да го пренесат своето знаење од секое поле. Резултатите од ова нема да се видат на краток рок, туку долгорочно“, рече тој.

Професорот Октар Асоглу е еден од најискусните и најуспешни хирурзи во областа на лапароскопската, како и роботската хирургија во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.