Sayed Khodaberdi Sadat
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 24 припадници на терористичката организација ДАЕШ беа убиени во операции на авганистанските безбедносни сили во Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека во тек е голема операција против ДАЕШ во источниот дел на земјата.
Во соопштението се вели дека во нападот врз упориштата и камповите на ДАЕШ во тој дел од Нангархар, загинаа најмалку 24 терористи и запленето е поголемо количество оружје и експлозив.
Паралелно со тоа, авганистанските сили водат и серија антитерористички операции против Талибанците, во кои загинаа најмалку 60 талибанци.
И во почетокот на февруари, авганистанската армија изврши слични напади против ДАЕШ во Нангархар и уби 42 терористи.
Авганистан со децении е во длабока безбедносна криза поради делувањето на радикалното талибанско движење, но дополнителен проблем за локалните безбедносни сили, исто така, е јакнењето на терористичката организација ДАЕШ во изминатите неколку месеци.