Истражување: Во Велика Британија годинава регистрирани над 300 земјотреси
Според извештајот, Пертшир и западните висорамнини во Шкотска, јужните делови на Велс и Јоркшир и Ланкашир во Англија се меѓу најактивните региони каде што беа регистрирани земјотреси
ЛОНДОН (АА) - Над 300 земјотреси се регистрирани во Велика Британија во 2025 година, се вели во извештајот на Британскиот геолошки завод (BGS), јавува Анадолу.
До средината на декември оваа година регистрирани се 309 земјотреси низ цела Велика Британија, според податоците објавени од сеизмолозите.
Според извештајот, Пертшир и западните висорамнини во Шкотска, јужните делови на Велс и Јоркшир и Ланкашир во Англија се меѓу најактивните региони каде што беа регистрирани земјотреси.
Се наведува дека иако многу од овие сеизмички настани биле премногу суптилни за да бидат почувствувани од населението, мрежата од 80 мониторинг-станици низ Велика Британија, управувана од Британскиот геолошки завод, го снимала движењето на тлото со исклучително ниво на точност.
Заводот соопшти дека добил 1.320 пријави од населението кое почувствувало земјотреси оваа година.
Перт и Кинрос ги доживеаја двата најмоќни земјотреси на копнениот дел на Велика Британија, што се случија на 20 октомври во близина на езерото Лион со магнитуда од 3,7 степени, проследен со потрес со магнитуда од 3,6 степени.
Британскиот геолошки завод соопшти дека 34 од 309 регистрирани земјотреси се случиле во близина на езерото Лион во периодот помеѓу октомври и декември.
